Loading Video...
Кошарка
13. November 2018 - 13:32

Работнички го доби дербито со МЗТ Скопје А.

Вечното македонско кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички му припадна на актуелниот шампион Работнички со 90-88, со што тимот од „Градски парк“ остана единствениот непоразен во досегашниот тек од првенството. 
 
Во прекрасна атмосфера во СЦ „Јане Сандански“ пред нешто повеќе од 3.000 гледачи, гостите од центар до победата сигнаа благодарение на фантастичната реализација за три поени. Кошаркарите на Работнички погодија дури 16 тројки, а од нив 6 од 6 реализира Марјан јаневски кој средбата ја заврши со 30 поени, додека Бугаринот, Костов постигна 20 за победничката екипа. 
 
Бојиќ со 21 поен беше најефикасен кај МЗТ за кој капитенот Дамјан Стојановски постигна 14, а Симоновски и Видард по 12 поени. 
 
Работнички е на 2.место на табелата со 10 бодови, но и средба помалку од лидерот Блокотехна, а МЗТ Скопје кој исто така има 10 бода, е на делба од третото до петтото место се екипите на Куманово и Фени Индустри со учинок од 4победи и по два порази.