Фудбал
27. August 2015 - 20:07

Работнички елиминиран од Лига Европа

Екипата на Работнички загуби со 1-0 на гостувањето во Казан и со вкупен резултат 2-1 за домашниот Рубин се прости од понатамошните натпревари во Лига Европа. 

Единствениот погодок на мечот го постигна Едуардо во 35м откако рускиот тим претходно не искористи неколку шанси по одличните интервенции на репрезентативниот голман Божиновски.