Loading Video...
Кошарка
23. May 2019 - 18:33

Работнички – Блокотехна и МЗТ Скопје А. Гостивар ќе разигруваат во плејофот

 
 
Со одигрувањето на натпреварите од последното 10.коло во Супер лигата, заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарскиот шампионат. 
 
Веќе претстојниот викенд започнува и разигрувањето за титулата, па така во плеј-офот односно полуфиналето ќе се сретнат актуелниот шампион Работнички и Блокотехна. 
 
Вториот финалист ќе биде подобриот од пресметката меѓу МЗТ Скопје Аеродром кој заврши на првото и екипата на Гостивар која лигашкиот дел го заврши на четвртото место на табелата. 
 
Пласман во финалето ќе обезбедат екипите кои први ќе остварат три победи. 
 
Што се однесува до опстанокот во Првата лига. 
 
Следната сезона за настап во неа се изборија, Фени Индустри, Пелистер, Вардар и АВ Охрид, додека екипата на Шкупи, ќе игра против поразениот во финалето од Плејофот во Втората лига во кое тимот на ФМП го доби првиот меч против вториот состав на МЗТ Скопје Аеродром и тоа со еден поен разлика 87-86.