Работна средба на градоначалниците на Демир Хисар и албанскиот град Клос
Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски оствари работна посета и средба со градоначалникот на Општина Клос Илми Хоџа, а во функција на заедничкиот прекуграничен проект „Откривањето на скриените атракции“.
Од Општина Демир Хисар информираат дека на средбата се разговарало за реализација на проектот, за планот за развој на заеднички производи за туризам и подготовка на патеки за пешачење и велосипедизам на околните рурални области се до атрактивните планински врвови над Демир Хисар и Клос.
– Преку проектот ќе се реконструира Кооперативниот дом во село Слоештица во мултифункционален центар со сала за презентации, соби за сместување, сувенирница, спомен-соба на Петре М. Андреевски и продавница за локални производи. Исто така, ќе се гради пешачка патека од село Слоeштица до Широка Рудина заедно со поставување на информативни табли и знаци за насоки, уредување на природните атракции кај „Валавици“, а според проектот во албанскиот град Клос ќе се инвестира во изградба на Етнографски музеј, надградбата на туристичката инфраструктура во областа на Балѓај, мостот Ваше и други потенцијални атракции, посочуваат од тамошната локална самоуправа.
Проектот е финансиран од Европската Унија, во рамки на прекуграничната програма за 2014-2020 година меѓу Албанија и Македонија и освен општините Демир Хисар и Клос, како партнерски организации вклучени се и „АРТ ПОИНТ-ГУМНО“ од село Слоештица и албанската Фондација за локална автономија и управување, „ФЛАГ“.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово