Работна средба меѓу Кирацовски и Елези
Предизвиците поврзани со можните притисоци врз вработените од јавниот сектор во пресрет на предвремените парламентарни избори и начините како навреме да бидат пресретнати и спречени беа тема на разговор на денешната работна средба меѓу дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и министерката за локална самоуправа Ширет Елези.
Двајцата министри, информираат од МИОА, ја изразија својата заложба и подготвеност во рамката на законските овластувања да го дадат својот придонес парламентарните избори да поминат во фер, регуларна и демократска атмосфера, односно отстранување на сите можни притисоци и злоупотреби на администрацијата.
Воедно, се отвори и прашањето за моделот на оценување на администрацијата, ставајќи акцент на нелогичното казнување, при што обострано беа потенцирани забелешките, идеите и предлозите, се со цел овозможување на услови за департизирана и професионална администрација во Република Македонија, во интерес на сите граѓани.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска