Македонија
25. November 2017 - 16:45

Работна сабота за пратениците – Треба да гласаат за нов јавен обвинител

Скратена постапка за три закони кои Брисел побара итно да бидат донесени како дел од судските реформи. Без дебата во прво читање, туку директно со амандманска расправа пратениците одлучија да се носат законот за судски совет, за укинување на советот на фактите и заштита на сведоци. Во скратена постапка ќе оди и зголемувањето на акцизите и три закони поврзани со социјалното пензиско и здравствено осигурување.

На дневен ред на оваа саботна седница е изборот на Љубомир Јовески за јавен обвнител на РМ, постапка почната уште во време на локалните избори. Сепак, имајќи пред вид дека пред него се ставени социјалните закони се очекува неговиот избор да се случи наредната недела.

Потребата од скратената постапка беше единствената дебата во денешниот работен ден. Забелешка за начинот по кој се носат законите даде координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Томислав Тунтев како координатор на СДС пак, реагираше дека неговата партија секогаш е против скратена постапка, но дека за овие закони веќе еднаш било дебатирано во претхниот парламентарен состав.

Иако јасно е дека законите се дел од 3-6-9 планот и постоајно на нив инсистира Брисел, заменик министерот за правда во своето образложение зошто законите одат по скратена постпка воопшто не спомена ни Европска унија ни реформи. Клучна причина за брзата постапка било што законите се кратки и по неколку члена.

Иако набрзина и без збор за самите закони беше излгасана потребата тие да одат во  скратена постапка, тешко одеше одеше работниот викенд во Собранието. Со работа почнаа со задоцнување од час и половина бидејќи беше потребен кворум од 61 пратеник кој ќе го обезбеди владејчакото мнозинство. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и понтаму во собраниската сала влегува откако власта сама ќе си го обезбеди кворумот за работа.