Македонија
28. јуни 2016 - 8:40

Работилници за регистар за испуштање и пренос на загадувачи

Работилници за  улогата на граѓанските здруженија во спроведување на протоколот за регистри за испуштања и пренос на загадувачи (рипз) и за градење оперативен регистар во Македонија ќе се одржат денеска и утре во Скопје.

Работилниците  ги организираат Регионалниот центар за животна средина за Центална и Источна Европа (РЕЦ) и Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на проектот „Поддршка во воспоставување и унапредување на Протоколот за регистри за испуштања и пренос на загадувачи (РИПЗ) во земјите од Западен Балкан и во Молдавија".

Проектот го спроведува Главната канцеларија на РЕЦ во Унгарија, а финансиран од Програмата за советодавна помош на Германското сојузно Министерство за животна средина.

На работилниците ќе биде презентира и Стратегијата и Акцискиот план за спроведување на Протоколот за РИПЗ во Р. Македонија, статусот и начинот на известување, тековните проблеми и потребни следни чекори за РИПЗ.