Бизнис
3. October 2017 - 8:45

Работилница за влијанието на климатските промени во сточарството

Работилница „Влијание на климатските промени“ организира денеска Институтот за сточарство – Скопје.

Целта на работилницата е актуелизирање на негативните ефекти од климатските промени врз домашните животни, зголемување на свеста на сточарските производители и промовирање адаптивни мерки на производство кон климатските промени.

Најавено е учество на професори од Факултетот за земјоделски науки и храна и од Земјоделскиот институт, како и на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање и Управата за хидрометеоролошки работи.