Бизнис
19. March 2019 - 8:37

Работилница за развој на бројлерското производство

Во Велес денеска ќе се одржи дводневна работилница чија цел е поставување на рамката за петгодишна, акциски ориентирана Стратегија за развој на македонскиот подсектор за бројлери, во консултација со сите клучни чинители во секторот живинарство.

Работилницата ја организираат ФАО и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на тековниот проект на ФАО кој цели да го направи подсекторот на бројлерско производство конкурентен, инклузивен и еколошки.

На настанот ќе присуствуваат домашни и меѓународни експерти на ФАО, претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Агенцијата за храна и ветеринаство, Платежната Агенција, производители на бројлери, преработувачи, трговци на мало и големо, како и претставници на меѓународната донаторска заедница, академијата и финансискиот сектор.