Македонија
21. January 2016 - 15:04

Работилница за промоција на енергетската ефикасност на општините

Примената на енергетската ефикасност на објектите во надлежност на локалните самоуправи директно ќе придонесе кон намалување на нивните трошоци, ќе обезбеди одржлив развој и ќе го намали негативното влијание врз животната средина. Ова е заклучокот од работилницата за претставување на резултатите од проектот „Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија“ што се одржа во Струмица.

- Локалните самоуправи се главните носители за енергетска ефикасност кои треба да достигнат до 9 отсто до 2018 година. Што се однесува до капацитетот зависи од општина до општина. Има општини, кои имаат Одделенија за енергетска ефикасност, како Струмица на пример, кои имаат постигнато значајни работи во ова поле. Но, има и општини кои не се екипирани и тоа со право. Овој проект е наменет за помалите општини кои немаат можности за самостојно да обезбедат планови и програми за енергетска ефикасност, да им се помогне со профизибилити студии за да може да аплицираат пред меѓународни проекти, изјави Владимир Сарач, претставник од Агенцијата за енергетика.

Светстка банка преку проектот за подобрување на општинските услуги обезбеди поддршка за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност во јавните згради на општините. Податоците покажуваат дека ваквата инвестиција во локалната самуправа во Богданци ја намалила потрошувачката на електрична енергија за 38 отсто во периодот од 2012-та до 2014 година, во споредба од 2008-ма до 2009 година.

- Заштедата на енергија е многу битна за општините. Тоа е поврзано со придобивките кои ќе ги видат општините. Со процесот на фискалната децентрализација, општните имаа повеќе средства на располагање. После инвестирањето во мерките за енергетска ефикаснот на општините ќе им останат повеќе пари, и ќе бидат поштедливи и поефикасни. Имаме програма преку Министерство за финансии со кои им се даваат кредити на општините. Некои општини ги насочија тие пари за енергетска ефиксасност на пример за промена на јавните светилките со штедливи каде заштедите беа до 40 отсто, оние кои заменија фасади заштедија до 10-15 отсто во зависност од објектите, а вакви заштеди имаше и кај оние општини кои го сменија начинот на греење, рече Беким Имери, претсавник од Светска банка.

Меѓу осумте општини кои имаат добиено грант од Светска банка се наоѓа и општина Радовиш. Локалните власти добија техничка поддршка за изработка на документи како програми, акциски планови и пред – физибилити студии. Предизвик за општините во наредниот период ќе биде создавање ефикасна и остварлива програма за енергетска ефикасност и нејзина имплементација.