Бизнис
11. September 2017 - 8:24

Работилница за пристапот на податоци на ДЗС

Во организација на Македонската платформа против сиромаштија (МППС), а поддржана од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) денеска ќе се одржи работилница со претставници од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Како што информираат организаторите на ова прва работилница од ваков тип, со отворена дискусија и воспоставување на директна соработка, целта е подобарување на пристапот до податоци на ДЗС, но и да им се укаже на што да посветат поголемо внимание во петгодишната програма која сега ја креираат.

Фокусот на работилницата ќе биде ставен на социо-економските податоци, но не само на нив. Истовремено на работилницата ќе се даде можност директно да се разговара со раководните лица на ДЗС.