Работилница за поуспешна примена на дигиталните технологии
Во Делчево денеска ќе се одржи шестата едукативна работилница од втората фаза на проектот „е-ENGAGEMENT” за подигување на свеста и развивање вештини и знаења кај младите за употреба на можностите и придобивките од новите дигитални технологии.
Работилницата ја организира Младинскиот сојуз со поддршка на фондацијата е-Македонија.
Минатата година беа организирани вакви работилници во четири градови низ Македонија, а годинава се предвидени 12, во Гостивар, Кавадарци, Куманово, Крушево, Струга, Вевчани, Струмица, Гевгелија, Свети Николе, Делчево, Кратово и Штип, со иста главна цел - охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив.
На секоја од овие 12 работилници ќе учествуват по 100 млади луѓе кои ќе се стекнат со социјални, дигитални и јазични вештини.
Проектот има за задача да ги промовира предностите и придобивките од информатичките и комуникациските технологии меѓу младите луѓе со посебен акцент на ангажманот во информатичкото општество, а ќе резултира со завршна конференција во Скопје, во првата половина на декември, на која ќе учествуваат најмотивираните и најактивните млади.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање