Македонија
28. September 2017 - 9:15

Работилница за политичкото учество на лицата со попреченост

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи работилница за политичкото учество на лицата со попреченост.
 
Работилницата ќе ја отвори претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, а на официјалното отворање ќе се обратат и Гонзало де Чезаре, шеф на Одделот за човекова димензија при Мисијата на ОБСЕ и Фросина Ташевска-Ременски, претседавач со Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп.
 
На работилницата ќе бидат презентирани и наодите од Анализата за политичко учество на лицата со попреченост.