Македонија
19. December 2017 - 8:52

Работилница за подобрување на заштита на природата

Подобрување на заштитата на природата и промоција на одржливо користење на природните ресурси, со истовремено зголемување на капацитетот на органите за управување на заштитените подрачја, локалните самоуправи и граѓанските организации, има за цел проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ за кој денеска ќе се одржи воведна работилница.

Како дел од проектот, планирано е да бидат доделени до 20 грантови на управувачите со заштитени подрачја, општините и граѓанските организации за да преземат активности кои ќе ја подобрат заштитата на природата, а истовремено ќе придонесат за благосостојбата на локалните заедници.

- Вредностите на грантот се движат од 50.000 до 400.000 евра. Јавниот повик за предлог проекти беше отворен на 4 декември, а крајниот рок за поднесување е 29 декември 2017 година. Избраните апликации ќе добијат прилагодена поддршка за подготовка на целосните проектни апликации и во нивната имплементација, а денешната работилница ќе им даде можност на потенцијалните кандидати да добијат дополнителни информации за Програмата за грантови и да добијат информации во врска со потенцијалните концептни идеи, соопштуваат од УНДП.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014-2020, а се спроведува од страна на Програмата за развој на ОН во соработка со Министерството за Животна Средина и Просторно Планирање.