Македонија
3. јуни 2019 - 9:14

Работилница за подобрување на квалитетот на воздухот

Во ЕУ Инфо Центарот ќе се одржи работиница на тема „Подобрување на квалитетот на водзухот со помош на стандарди“, во организација Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија (ИСРСМ) и во соработка со Европската организација за стандардизација (CEN).

Работилницата, на која ќе учествува државниот сектретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, се одржува во склоп на проектот „Вклучување на повеќе тела за стандардизација и национални организации за животна средина во стандардизација од аспект на животна средина”.

Овој проект, информираат организаторите, е финансиран од Европската Комисија и EFTA преку FPA договор помеѓу Европската Комисија и Европската организација за стандардизација (CEN)