Работилница за намалување на ранливоста на земјоделството од климатските промени
Работилница на тема „Намалување на ранливоста на земјоделството од климатските промени“ ќе се одржи денеска и утре во Маврово во организација на Огранизацијата за земјоделство и храна при Обединетите нации (ФАО).
На работилницата ќе се обратат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, странски експерти од мисијата на ФАО, како и професори од Факултетот за земјоделски науки и храна.
Почнувајќи од 2015 година, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија вопостави партнерство со Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, со цел институционално интегрирање на мерки за климатски промени во Македонија.
Еден од проектите во рамки на кој се спроведуваат активности во оваа насока е проектот „Намалување на ранливоста на земјоделството кон климатски промени“ кој завршува во декември 2017 година.
Проектот има за цел да воспостави подобро разбирање на постоечката структура на МЗШВ и да предложи мерки за долгорочно институционално интегрирање на климатските промени на МЗШВ, како и да обезбеди поддршка за формирање на интер-институционална платформа која би го олеснила координирањето на национално ниво.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација