Македонија
31. January 2019 - 14:56

Работилница за нацрт-статегија за млади во Крива Паланка

 Во организација на Центарот за младински иницијативи „Цик-Цак“ од Крива Паланка работна група од млади лица од различни здруженија и организации од општината отпочна со работа на нацрт-стратегијата за млади во Крива Паланка.

– Целните групи  млади од локалната заедница, младинскиот совет на општина Крива Паланка , спортските клубови, младински организации и подмладок на политичките партии, како и претставници од институциите кои работат со млади работеа во рамки на првата од серија работилници на тема стратешко планирање и анализи, кои ќе се имплементираат во претстојниот период, а ќе резултираат со изработка на  стратешки документ за младинските потреби и прашања, врз база на сеопфатна анализа, преку анкетни прашалници и проекци, кој понатаму се очекува да биде доставен на усвојување до Советот на општината, истакна Димитар Петровски, координатор на проектот од „Цик-Цак“.

Обуките ги спроведува стручен консултант од Фондацијата за развој на локалната заедница, а на оваа работилница присуствуваше и градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски, поздравувајќи ја иницијативата за креирање нацрт-стратегија за младите од општината.

– Ова е многу значајна тема за сите нас зошто младите биле, се и ќе бидат значаен фактор во креирањето и носењето на локалните политики. Се надевам дека со изработката  на овој документ заеднички со Советот на мадите како тело од општинскиот Совет и сите други релевантни чинители на локално ниво, ќе ги дефинираме реланите потреби и приоритети на младите од општина Крива Паланка, изјави Мицевски.

Според него, Стратегија за малите на локално ниво ќе претставува значајна алатка во планирањето на понатамошните конкретни активности кои се однесуваат на потребите и приоритети на младите од општината.

Активноста е дел од проектот „Промоција на младински активизам преку креирање на институциски платформи за младински потреби’’ како под-проект на ,,Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ кој го спроведува Фондацијата за развој на локалната заедница и Центар за оддржлив развој „Алка“ со финасиски средтсва од Европската Унија.

Целта на проектот е поттикнување на младинскиот  активизам и активно учество на младите во процесот на донесување на одлуки на локално ниво, а специфичните цели се детектирањето на потребите на младите од општина Крива Паланка и можностите за нивно активно вклучување во општественото живеење, како и развивање на стратешки документ на младите од општината, за нивно директно вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.