Македонија
22. May 2016 - 9:32

Работилница за креативно цртање

Работилница за креативно изразување на децата ќе се одржи денеска пред Домот за култура Кочо Рацин и Галеријата Ко – Ра.

Работилницата е наменета за деца од предшколска возраст, но добредојдени се и сите поголеми и израснати деца, неформална, експериментална и креативно поттикнувачка, но пред се ослободувачка од востановените правила на уметноста и малку поактивна од часовите по цртање кои ги има во формалното образование.

Настанот е поддржан од Град Скопје и Галерија Ко - Ра.