Бизнис
10. November 2015 - 9:26

Работилница за конкурентност на мали и средни претпријатија КОСМЕ 2014-2020

Министерот за економија Беким Незири ќе ја отвори работилницата за Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија - КОСМЕ 2014-2020.

Целта на работилницата е зајакнување на конкурентноста и одржливоста на претпријатијата, како и поттикнување на претприемачката култура и развој на малите и средни претпријатија. Програмата е наменета за мали и средни претпријатија, претприемачи, бизнис организации за поддршка, регионални и национални администрации, стопански комори и бизнис асоцијации, финансиски институции и научна јавност.

На настанот ќе се обрати и  Мартин Клауке - раководител за соработка во Делегацијата на Европската Унија.