Работилница за Иванденските празнувања во Ресен

Во рамките на активностите за подигање на свеста кај локалното населени за значењето и специфичноста на празникот Иванден во Преспа, во спомен куќата на Татарчеви се одржа едукативна работилница за деца од основните училишта на тема „Иванденски празнувања во Ресен“.
На работилницата присуствуваа етнолозите Мери Стојанова и Ели Луческа и градоначалникот на оптшина Ресен Ѓоко Стрезовски.
- Ни претставува големо задоволство што традиционалните карактеристики на нашата локална заедница во Преспа, се препознаени од националните институции и што се преземаат активности за нивна промоција. Традицијата за нас претставува и заштита на нашиот духовен белег, но и одлична можност да се стават во функција на туризмот во општина Ресен, истакна Стрезовски.
Работилницата се одржа согласно Националната стратегија за развој на културата 2013-2017 година на Република Македонија, а носител е ЈНУ „Институт за старословенска култура – Прилеп“, во соработка со општина Ресен.
Празникот „Иванка“ од почетокот на 2016 година е прогласен за нематеријално, духовно и културно наследство на национално ниво со режим на заштита од прв степен, во категоријата особено значење.
Ново на Сител
-

Mатични лекари – да прекине праксата издавање на боледување по телефон
-

Пензионерите ќе можат да си докупат стаж за да имаат право на пензија
-

Владата подготвува можност за откуп на стаж
-

Сали: Се прават напори за усвојување на Изборниот законик
-

Купувајте домашно од мали земјоделски стопанства, не индустриски производи со сомнителен увозен квалитет
-

Околу 1300 интервенции на спасителите на вода ова лето
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
