Работилница за градење на капацитетите на локалните економско-социјални совети
Клучните индикатори за пазарот на трудот, пазарот на стоки, улогата на надворешната трговија, економскиот раст и вработувањето, неформалната економија и нејзината улога во современите економии, макроекономската политика за вработените во неформалниот сектор, со посебен осврт на македонската економија се во фокусот на дводневната работилница за градење на капацитетите во локалните економско-социјалните совети што денеска и утре се одржува во Отешево.
Претседателот на Локално економско – социјалниот совет (ЛЕСС) во Ресен Гоце Соколески смета дека работилницата создава интегриран пристап кон различните аспекти на економско одлучување на ЛЕСС-овите преку диверзификација на различни сфери од економското секојдневие.
- Организирањето на вакви работилници е вложување во капацитетите на Локално економско - социјалните совети на опшштинско ниво и се од особена важност за овозможување подиректно работење, одлучување и предлагање на локално економските совети во насока кон креирање одржливи економски политики во општините, истакна Соколески.
Работилницата ја водат професорот по макроекономија на Универзитетот во Торино Густаво Риналди и професорката по економија и поранешен раководител на секторот за макроекономија при Министерството за финансии, Никица Мојсоска-Блажевски.
Работилницата е петта од осумте тематски обуки за членовите на постојаните комисии и секретаријатите од националниот и локалните економско-социјални совети и е дел од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската Унија. Проектот го спроведува Меѓународната организација на трудот, а Општина Ресен, првиот град каде што е основан локален економско-социјален совет во рамки на овој проект.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација