Бизнис
20. January 2016 - 8:38

Работилница за еднаков пристап до вода и санитација во Македонија

За состојбата со водата и канализацијата во Скопје, Велес и Куманово денеска ќе се дискутира на работилницата „Проценка за еднаков пристап до вода и санитација во Република Македонија“. 

На работилницата, што денеска и утре ќе се одржува во Велес предвидено е да учествуваат претставници од повеќе институции, министерствата за здравство, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски, Институтот за јавно здравје, Црвениот крст на Република Македонија, повеќе невладини организации...

Работилницата е во партнерство меѓу Институтот за јавно здравје и Секретаријатот на УНЕЦЕ на Протоколот за вода и здравје. Организацијата на работилницата e од страна на невладината организација „Новинари за човекови права“.

Република Македонија е активно вклучена во повеќе активности во рамки на Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ) и Светската здравствена организација, Регионалната канцеларија за Европа (СЗО/ Европа) - Протоколот за вода и здравје при подготовката за пристапување кон Протоколот.

Протоколот има за цел да се заштити човековото здравје и благосостојба преку подобро управување со водите, вклучувајќи ја заштитата на водните екосистеми, како и од страна на спречување, контрола и намалување на болестите поврзани со водата.