Работилница за бегалската криза во Гевгелија
Претставници од граѓански здруженија и активисти за човекови права од Гевгелија денеска на работилница разговараа за идентификување на проблемите и потребите во справувањето со бегалската криза во овој град и ги дефинираа потребните активности за да им се помогне на бегалците.
Работилницата ја организираше Регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија во рамки на проектот ,,Помогни и ти“, дел од програмата Цивика Мобилитас, финаниски помогната од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Организаторите посочија дека компонентата за градење капацитети има за цел да ги развие можностите на граѓанските здруженија за работа и помош на бегалците преку обука, работилница и соработка со граѓански здруженија и активисти за човекови права, да обезбеди меѓусебна комуникација и да поттикне нивно вмрежување и соработка со институции, организации и меѓународни фактори кои ја третираат бегалската криза.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор