Македонија
28. January 2016 - 12:38

Работилница за бегалската криза во Гевгелија

Претставници од граѓански здруженија и активисти за човекови права од Гевгелија денеска на работилница  разговараа за идентификување на проблемите и потребите во справувањето со бегалската криза во овој град и ги дефинираа потребните активности за да им се помогне на бегалците.

Работилницата ја организираше Регионалниот центар за одржлив развој од Гевгелија во рамки на проектот ,,Помогни и ти“, дел од програмата Цивика Мобилитас, финаниски помогната од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Организаторите посочија дека компонентата за градење капацитети има за цел да ги развие можностите на граѓанските здруженија за работа и помош на бегалците преку обука, работилница и соработка со граѓански здруженија и активисти за човекови права, да обезбеди меѓусебна комуникација и да поттикне нивно вмрежување и соработка со институции, организации и меѓународни фактори кои ја третираат бегалската криза.