Македонија
19. December 2017 - 8:55

Работилница „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите Нации, Луиза Винтон, денеска ќе ја отворат воведната работилница на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“.

Проектот е финансиран од Европската унија, преку ИПА2 програмата, а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.