Работилница на ФАО за проценка на штетите во земјоделството од климатските промени
Регионална работилница почна денеска во Скопје во рамки на низата настани во организација на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) низ Европа и Централна Азија, чија цел е презентација на нова стандардизирана методологија на ФАО за проценка на директните загуби и штети во земјоделството предизвикани од климатските промени.
На работилницата учествуваат повеќе од 40 претставници од државните заводи за статистика, агенциите за намалување на ризици од катастрофи и министерствата за земјоделство, рибарство и шумарство од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и Турција кои ќе работат со ФАО на изготвување план за институционализирање на националните информациски системи со цел обезбедување податоци за влијанието на природните катастрофи.
Тоа, како што информираат од ФАО, ќе придонесе за креирање на подобро информирани политики за намалување на ризиците од катастрофи и соодветно планирање во земјоделство.експерти и носители на одлуки.
Државниот секретар при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Нефрус Челику во обраќањето на работилницата рече дека се позачестените временски непогоди предизвикуваат големи штети врз земјоделското производство, како и милионски износи одвоени од националниот буџет за да се надомести штетата на земјоделските стопанства.
– Оттука, оваа работилница е од особено значење за надлежните институции да научат од искуството на ФАО и земјите од регионот како да се подобри националниот систем за предвидување, спречување, намалување, прилагодување и апсорпција на ризикот во рамките на земјоделскиот систем во нашата земја, посочи Челику.
Резидентниот координатор на ОH во Скопје, Росана Дудзиак рече дека земјоделството и неговите под-сектори се особено погодени, апсорбирајќи непропорционален дел од влијанието од природните катастрофи. Оттука, истакна таа, пристапот до сигурни и стандардизирани податоци и статистики е од клучно значење за процена на влијанијата од катастрофи, креирање на подобро информирани политики за намалување на ризиците од катастрофи и соодветно планирање во земјоделство, а во насока на остварување на целите за одржлив развој.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација