Работилница „Климатските промени-реалност или илузија“
Работилница насловена „Климатските промени-реалност или илузија“ ќе се одржи денеска во Музејот на илузии во Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). На работилницата ќе се обрати заменик-министерот за животна средина просторно планирање Јани Макрадули.
Целта на работилницата е да се обезбеди учество на јавноста и полесен пристап до информации во врска со донесувањето одлуки поврзани со климатските промени, како клучен фактор за ефективна Kлиматска акција. Фокусот е на соработката на државните институции и граѓанското општество и неговата улога во планирањето и спроведувањето на мерките за ублажување и адаптација со што се придонесува за повисоки национали амбиции и поефикасна имплементација на политиките, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во рамки на работилницата ќе се споделат и информации од глобалната конференција за климатски промени, што се одржува во полскиот град Катовице.
Ново на Сител
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра