Работењето на Катастарот презентирано пред студенти на ДУТ
Претставници од Агенцијата за катастар на недвижности оддржаа презентација пред студентите на Државниот универзитет во Тетово во рамки на новиот проект „Евалуација на академското образование во земјите од Западен Балкан и професионални и одржливи обуки за инфраструктурата на просторни податоци“ - BESTSDI.
Како што информира Агенцијата, BESTSDI ги инволвира високо образовните институции од областа на геодезијата, геоинформатиката и инфраструктурата на просторните податоци на земјите од Западен Балкан, а е финансиран од програмата на Еворопската комисија ERASMUS+ K2. Проектот вреден околу еден милион евра, почна со имплементација во октомври 2016 година и ќе трае три години.
Стручни лица на Агенцијата пред студентите од прва и втора година го презентираа целокупното работење на Катастарот, како и потребата од високообразован кадар од областа на геодезијата. Студентите детално се запознаа со можностите на мултифункционалниот Електронски катастар, Македитот, Масовната процена, OSSP порталот, НИПП во Република Македонија како и преостанатите современи сервиси и регистри кои ги има катастарот.
Соработката на Агенцијата за катастарот на недвижности со сите високообразовни институции од областа на геодезијата во Република Македонија се интензивира со цел успешна имплементација на BESTSDI кој треба да овозможи современа наставна програма на нашите факултети, усогласена со европските стандарди.
Агенцијата за катастар на недвижности нагласува дека како општествено одговорна институција ќе даде максимална подршка во градењето академски капацитети кои ќе се развиваат по современите европски програми.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак