Македонија
28. September 2021 - 16:29

Работата зад затворени врати и одлучувањето без аргументи главна забелешка за Судскиот совет

Отфрлање по 100 преставки од граѓани на седница без никакво образложение, разрешување или именување на судии без аргументи се посочуваат како пример за проблемите во работата на Судскиот совет. Од Коалиција сите за правични судења велат дека освен што постои впечаток во јавноста дека одлуките се носат зад затворени врати, во работата на судскиот совет се сомневаат и самите судии.

За да има независно судство, првиот човек на Судски совет, Павлина Црвенковска смета дека токму судиите се тие кои треба да бидат одговорни и да носат правични пресуди.

Анализата за работата на Судскиот совет е спроведена во периодот од септември лани до јули годинава, а се мониторирани вкупно 32 оддржани седници кои во главно се оддржале со физичко присуство.