ОН работат на продолжување на преговорите за Кипар
ОН соопшти денеска дека работат на продолжување на преговорите за обединување на етнички разделениот остров Кипар, откако последниот круг од разговорите беше прекинат оради спорот за одбележувањето на историската годишина во кипарските грчки училишта.
Светската организација објави соопштение, дека посредникот од ОН во преговорите за Кипар Аспен Барт Еиде работи со лидерите на турската и грчката заедница на островот, кои ги „потврдија нивните ангажмани“ кон 22-месечниот процес на преговори.
Датумите за новите спредби лидерот на кипарските Турција Мустафа Акинџи и кипарскиот претседател Никос Анастасиадис ќе бидат соопштени „во догледна иднина“, стои во соопштението на ОН.
Средбите меѓу Анастасиадис и Акинџи беа прекинати минатата недела откако кипарскиот грчки Парламент ги растревожи кипарските Турци со донесувањето на законот за задолжително одбележување во училиштата на годишнината од референдумот во јануари 1950 година на кој кипарските Грци гласаа за обединувањето со Грција.
Од 1974 година Кипар е разделен, откако северниот дел беше окупиран од Турција во одговор на националниот државен преврат, што целеше да го присоедини островот кон Грција, потсетува БТА.
Министерот за надворешни работи на Кипар Јоанис Касулидис изјави дека зависи од Акинџи дали ќе продолжат преговорите, што не постигнаа напредок поради неговото одбивање да ги промени позициите.
Акинџи, од своја страна ги обвини кипарските Грци за неподготвеноста да го прифатат барањето на турската заедница на островот за федерална единица на Кипар со заедничко претседателство и еднаква застапеност на двете заедници во државните органи.
Ново на Сител
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени
-
Фатен малолетник со нож на Бит Пазар, поднесена пријава