Македонија
22. April 2018 - 17:14

Рабојници избегани од затвор пустошеле низ Скопје, викендов вкупно 500 пијани возачи фатени од полицијата

Во две одвоени акции МВР приведе двајца разбојници кои со години биле избегани од затвор. Нивна последна мета биле бензински пумпи, маркети и аптеки. Кривични пријави за тешки кражби се поднесени и против нивните соучесници.

Секторот за внатрешни работи Скопје Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешки кражби“. Во периодот од 24.09.2017 до 13.04.2018 година на подрачјето на Скопје во бензиски пумпи, маркети и аптека пријавените извршиле три тешки кражби и две „тешки кражби во обид“. Тие со употреба на физичка сила и погоден алат ги отворале влезните врати и одзеле сеф во кој имало 256.346 денари и поголема количина на цигари, вели Наталија Спирова Началик на секор за односи со јавност во МВР.

Изминатата ноќ полицијата повторно ловеше пијани возачи на скопските улици.Сообраќајните конторли во изминатото деноноќие откриле 232 возачи под дејство на алкохол. Најпијаниот скопјанец возел со  2,31 промили во крвта. Голем број возачи се казнети и за брзо возење, минување на црвено и непрописно претекнување.

И во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23,00 до 05,00 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани беа прекршоци по основ на сообраќајната регулатива. Како што МВР претходно ја информираше јавноста во текот на вчерашните акциски контроли на подрачјето на главниот град, за истиот временски период (на 20/21.04) вкупно беа контролирани 1234 возачи, 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество. Исто така, беа констатирани и други 252 сообраќајни прекршоци, вели Спирова.

Од МВР велат дека  засилените контроли по улиците во главниот град продолжуваат и во следниот период, со цел подигнување на свеста кај сите возачи за почитување на сообраќајните правила и прописи.