Свет
19. August 2018 - 14:20

Путиновите Козаци со најголемиот хит ги кренаа на нозе гостите на свадбата на австриската министерка, невестата прва заигра

Телевизијата РЕН ТВ објави снимка од настапот на Кубанскиот козачки хор на свадбата на австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл на која присуствуаше и рускиот претседател Владимир Путин.

Хорот изведе неколку композиции, меѓу кои се и „Многаја и благаја љета“ и популарната козачка песна „Љубо, братци, љубо“.

 
На снимката исто така се гледа како Путин танцува со Кнајсел и им честита на младоженците.
 

На венчавката на Кнајсел и Волфганд Мајлингер, на која присуствуваше и австрискиот канцелар Себастијан Курц, се одржа во ресторанот на југот на Штаерска.

Како што соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, Путин како подарок на младенците им донесе самовар, старинска преса за масло и слика.

Претходно Министерството за надворешни работи на Австрија соопшти дека повикот на венчавка, рускиот претседател го сфатил како работна посета и е проследена со стандардни безбедносни мерки.

Руската делегација сама си ги плати своите патни трошоци.