Loading Video...
Свет
19. August 2018 - 18:32

Путин во прва официјална посета на Германија по 2014-та

За проектот за гасоводот Северен тек 2 најмногу време разговарале синоќа Путин и Меркел во Берлин, соопшти Кремљ.   Проектот предвиува  гасоводот да го носи рускиот гас под Балтичкото  море   до Германија и да ги заобиколи постоечките копнени патишта преку Украина, Полска и Белорусија.

- И покрај противењето на САД и заканите за нови санкции , изградбата на гасоводот  со нашите германски партнери ќе продолжи.Се работи за исклучиво   еконосмнки проект и не ја искјлучува можноста за продолжување на трансизт испорака на руски гас преку територијата на Украина истакна Путин.  .

За Трамп, Северен тек 2 ќе биде ужасна грешка. Според него тој ќе ја зголеми енергетската зависнот на Германија од  Русија.  Негодува и Украина.  Тамошните власти стравуваат  дека  гасоводот ќе и  овозможи на Русија да ја исклучи од бизснисот со транзит на гасот.  ЗА време на тричасовната средба во  палата Мезеберг гостинот и домаќинот разговарале и за  конфликтите во Украина и Сирија, како и за иранската нуклерана програма. 

- Русија и Гермамија имаат одогоовснотста да се позанимваат со овие проблеми.  Мислам дека многу спорни прашања можат да се решаваат во дијалог и низ дијалог. , истакна Меркел.

Рускиот претседател пред да допатува во Берлин  на првата билатерлана средба со германската канцелрка од 2014 година  по анексијата на Крим ,  два  часа  беше во приватна посета на Австрија.  Тој пристуваше на свадбената церемонија на шефицата на австриската дипломатија  Карин Кнајсел.  Наместото невестатата,  Путин беше виситнската ѕвезда на свадбата коментираат дел од светските медиуми.