Свет
1. January 2016 - 14:32

Путин во новогодишната честитка ги издвои напорите на војниците

Претседателот на Русија Владимир Путин им ја честиташе на сонародниците Нова година посебно издвојувајќи ги војниците кои се борат против меѓународниот тероризам во оддалечени краишта во светот.

- Секако, не се сите во можност да ја дочекаат Новата година со семејствата - треба да се работи во болниците и во производството, да се исполнува војничкиот долг, да се чува границата....Ние сме благодарни на оние кои се дење и ноќе во работни денови и празници на работното место, изјави Путин во новогодишното обраќање до нацијата.

Путин нагласи дека посебно би сакал да им се обрати на војниците кои се борат „против меѓународниот тероризам, ги бранат националните интереси на Русија во далечни краишта покажувајќи волја, одлучност и сврст карактер“.

- Такви квалитети ни се потребни секаде секогаш и во секоја работа. Успехот на државата зависи од ефикасноста на работењето и достигнувањата на секој од нас, рече Путин во новогодишното обраќање.