Свет
10. May 2018 - 17:57

Путин видел како обезбедувањето турка стар работник - неговата реакција сите ги крена на нозе

Претседателот на Русија, Владимир Путин забележал како неговото обезбедување во еден момент турка ветеран кој одел паралелно со него на страна. Рускиот претседател тогаш се свртел и му пришол на работникот.

На снимката се гледа како шефот на државата во придружба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Израел, Бењамин Нетанијаху се движи кон Александровски сад, каде положил цвеќе на споменикот на Непознатиот јунак.

Во тој момент обезбедувањето почнало да го турка ветеранот кој се обидувал да му пријде на претседателот. Путин го забележал, го одвел на страна, му ја стиснал раката и го повикал заедно да отидат со споменикот за да положат цвеќе.