Loading Video...
Свет
7. May 2018 - 22:03

Путин уште шест години на чело на Русија, новиот мандат го почна со ветување за уште помоќна Русија

Владимир  Путин по четврти пат положи заклетва за претседател на Русија. Инаугарацијата се оддржа  во големиот дворец во Кремљ, во присуство на околу 5000 гости. Новиот шестгодишен  мандат и како што најави 65 годишниот Путин најверојатно  последен го почна со ветување за уште помоќна Русија.

-Ја повративме гордоста на нашата земја.Како членик на државата ќе сторам се за да ги зголемам силата и просперитетот на Русија. Ни треба голем пробив во сите сфери од животот, истакна Владимир Путин, претседател на Русија.

Путин е веќе 18 години на власт во Русија, како претседател или премиер.На последните претседателски избори доби 76 осто гласови поддршка .