-->
-->
Путин: Укинувањето на ветото ќе ги уништи Обединетите нации
-->
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека лишувањето од правото на вето на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации ќе го уништи тоа светско тело.
Русија е една од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН која има право на вето.
Како што пренесуваат странските агенции, постојаните членки со години се соочуваат со притисок да ја реформираат организацијата за да ги земат предвид промените во светската демографија и економијата од нејзиното формирање по Втората светска војна.
Сепак, Путин на состанокот со руските експерти рече дека укинувањето на правото на вето ќе ја сведе светската организација „на место за празна приказна“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок