Свет
25. November 2015 - 12:34

Путин: Турското раководство ја охрабрува исламизацијата на земјата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сегашното раководство на Турција ја охрабрува исламизацијата на земјата, јави ТАСС.

- Проблемот не е во трагедијата, со која се соочивме вчера, тој е многу подлабок. Ние гледаме, дека сегашното турско раководство во последните години спроведува политика на поддржување на исламизацијата на Турција, вели Путин.

- Исламот е важна светска религија, една од традиционалните религии, вклучително во Русија. Самите ние го поддржуваме исламот и ќе продолжиме тоа да го правиме, но сега зборуваме за поддршка на радикални струи. Тоа само по себе создава многу неповолна средина, што на прв поглед не се забележува, оцени Путин.

Путин ја поддржа препораката на руското МНР до Русите, да се воздржат од патувања во Турција. Тој предупреди дека руските граѓани во Турција можат да бидат изложени на сериозна опасност.