Свет
28. January 2019 - 14:53

Путин со нов шок-проект: Русија гради пат кој го спојува светот - ова ќе го чини 150 милијарди долари

Русија има намера да го развива Северниот морскиот пат, најкратката траса која ќе ја спојува Европа со Азија, во наредните пет години вложи повеќе од 150 милијарди долари. Експертите се согласни дека оваа траса би можела да превземе примат на Суецкиот канал откако ќе бидат реализирани сите неопходни инфраструктурни потреби за обезбедување на пловидбата во текот на целата година. 
 
Планот на Путин е  Северниот морски дел воопшто да заживее како траса за увоз-извоз помеѓу Азија и Европа, аналитичарите тврдат дека е потребно да се зголеми прометот на товарот до 80 милиони тони годишно. За тие цели од рускиот државен буџет треба да биде издвоено нешто повеќе од 300 милијарди рубљи (4,6 милијарди долари), додека пак остатокот од средствата ќе бидат финансирани од други државни компании кои се вклучени во овој проект. 
 
 
Пред се тука е и руската државна нукеларна корпорација „Росат“, која е воедно и инфраструктурен оператор на Северниот морски пат, која би требало да издвои 173,1 милијарди рубљи, додека 235 милијарди рубљи ќе бидат издвоени за спасување на железницата.