Свет
29. јуни 2018 - 10:46

Путин со една реченица го „закопа“ Западот: Додека држеше говор на кадетите откри колку е напредно руското оружје

Претседателот на Русија, Владимир Путин се пофали вчера дека нуклеарното оружје на Русија со години, а можеби и со децении е пред другите.  
 
 - Некои од нашите вооружени системи се со години, а можеби дури и децении пред странско оружје. Современото оружје многу придонесе за рускиот воен потенцијал,  рече Путин во обраќањето пред младите офицери на Воената академија во Кремљ, објави АП.
 
Агенцијата потсетува дека Путин ова го изјавил во моментот додека траеле подготовките за состанокот за американскиот претседател Доналд Трамп на 16.јули во Финска. 
 
- Постигнавме голем напредок благодарејќи на науката, бироата за дизајн и индустријата, рекол Путин, пренесува АП. 
 
.