Свет
26. February 2016 - 15:22

Путин: Сите засегнати страни се подготвени да го почитуваат на прекинот на оргнот во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави  дека Русија добила информација дека сите страни од кои се очекува да учествуваат во запирањето на воените дејствија во Сирија, изразиле подгтовеност истото и да го направат, пренесува БТА.

Путин, на средбата со вработените во руската Федерална служба за безбедност, изјави дека мировниот процес во Сирија ќе биде тежок, но според него, тој нема алтернатива.

Рускиот претседател потврди дека воената операција во Сирија против Исламска држава и други терористички групи ќе продолжи по примирјето. Тој смета дека Русија навремено ја почнала антитероритичката операција во Сирија.