Loading Video...
Свет
25. November 2022 - 16:33

Путин се сретна со мајките на руските војници кои се борат во Украина

Не жалам што ја почнав војната во Украина, но сакам да знаете дека ја делам болката со оние кои ги изгубиле своите синови, рече Путин на средбата со мајки на руски војнци кои се на украинските боишта. 

Средбата се одржа на барање на мајките, а Путин ги потсетува да не веруваат во се што ќе видат на телевизија и интернет. 

Русија последен пат јавно ги обелодени своите загуби на 21-ви септември, кога министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека биле убиени 5.937 руски војници. Војната во Украина влезе во 275-тиот ден. 

Руската армија продолжува да ја уништува енергетската инфраструктура низ цела Украина и им отежнува на службите да ги поправат оштетувањата и да им обезбедат струја и топлина на милиони Украинци на прагот на зимата. Според Киев, околу 50 проценти од енергетската инфраструкура има претрпепено некако оштетување. 

-Најтешката ситуација е сега во главниот град и 15 региони. Издржавме девет месеци од војната и Русија не најде начин да не скрши. И нема да го најде. Мора да продолжиме да се држиме вака и во иднина. Во единство и меѓусебно помагање“, порача украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Зеленски информираше и за најмалку седум убиени цивили кога руска ракета вчера погодила станбен блок во Херсон,но руската страна демантира дека целела цивилни цели.