Свет
23. October 2020 - 18:51

Путин: Руската економија се опоравува во голем број сектори

Руската економија започна да се опоравува во голем број сектори, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот за економски прашања.

– Навистина, гледаме закрепнување во голем број сектори“, рече Путин, наведувајќи ја како пример динамиката на производството штое приближно до нивото од минатата година во август-септември, објави агенцијата ТАСС.

Тој рече дека е слична состојбата и со сообраќајот на железнички товар, при што домашните испораки бележат благ пораст.

– Сепак, економијата сè уште не е свртена кон одржлив долгорочен раст, заклучи Путин.