Свет
30. December 2017 - 18:42

Путин: Русија ќе продолжи да и помага на Сирија за заштита на нејзиниот суверенитет

Рускиот претседател Владимир Путин во новогодишно писмо до сирискиот претседател Башар Асад истакнува дека Русија ќе продолжи да ги поддржува напорите на Сирија за заштита на сирискиот суверенитет, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин изрази надеж дека следната година во Сирија ќе има коренити промени кон подобро.

Рускиот претседател додава дека победата над тероризмот и неодамнешната нормализација на состојбата се во согласност на интересите на светот и безбедноста на Блискиот исток.

- Путин потврди дека Русија ќе продолжи да и помага на Сирија да го заштити суверенитетот, единството и територијалниот интегритет, како и процесот за политичко решавање на кризата и напорите за економско зајакнување, се наведува во соопштението.