Путин: Русија ќе ги брани своите интереси во рамките на меѓународното право
Русија има свои интереси што ќе ги штити според меѓународното право, нагласи денеска рускиот претседател Владимир Путин во годишното обраќање до нацијата.
Тој изјави дека значењето на надворешната политика на Русија е да обезбеди мир и безбедност и стабилен развој на земјата.
Русија не реагира на некои непријателски активности од други држави, бидејќи сака да има добри односи со меѓународната заедница и да се однесува „многу воздржано, дури може да се каже и скромно“.
– Честопати воопшто не реагираме, не само на непријателски активности, туку и на отворена дрскост, рече Путин, додавајќи дека тие без причина ја споменуваат Русија.
Рускиот претседател рече дека Русија не сака да „урива мостови“ во односите.
– Навистина не сакаме да уриваме мостови, но ако некој ги смета нашите добри намери како ноншалантност или слабост и има намера да ги пресече или дури и да ги уништи тие мостови, тој мора да знае дека одговорот на Русија ќе биде асиметричен, брз и остар, изјави Путин.
Тој додаде дека Русија и предлага на меѓународната заедница да разгледа стратешка и глобална стабилност.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228