Путин: Русија ја регистрираше втората вакцина против коронавирус
Владимир Путин рече дека Русија ја регистрирала втората вакцина против Ковид-19.
Вакцината е развиена од Центарот за вирусологија и микробиологија „Вектор“, пренесуваат руските медиуми, а е регистрирана денес.
Претходно, министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, објави регистрација на нова руска вакцина против коронавирус.
Тој рече дека две руски вакцини се во фаза на клиничко тестирање, истакнувајќи дека вакцината „Спутник V“ е веќе регистрирана.
„Планираме да регистрираме една од вакцините на клиничко испитување и оваа недела да ја започнеме фазата на производство“, посочи Мурашко.
Ана Попова, директорка на Федералната служба за надзор на правата на потрошувачите и благосостојба на човекот, претходно изјави дека втората фаза на тестирање на вакцината на „Вектор“ е успешна, дека волонтерите развиле антитела и дека никој од нив не покажал никакви клинички симптоми по примањето на вакцината.
Оваа вакцина, како и „Спутник V“, не ја ни започнаа клучната трета фаза од испитувањето, пред да бидат регистрирани.
Научниците сè уште чекаат да ги добијат сите податоци за вакцината „Спутник V“, за која Москва тврди дека е безбедна.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората