Путин: Русија и Турција се договорија за укинување на серија рестриктивни економски мерки
Русија и Турција се договорија за укинување на редица мерки во економските односи меѓу двете земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин на прес-конфренцијата одржана по средбата со неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган.
- Прашавте кога може да се каже дека ограничувањата што беа донесени пред извесно време, се укинати. Тоа може да се каже денеска. Се договоривме за комплексно решение на сите проблеми, поврзани со ограничувањата. Појдовме од тоа дека сите ограничувањата ја уриваат економијата и во крајна сметка им штетат и на нашите производители, наведе Путин.
Тој посочи дека ги разгледал со Ердоган прашањата поврзани со укинувањето на ограничувањата и бариерите во трговијата, како и можноста за преминување кон порамнување во националните валути.
Путин истакна дека со решавањето на овие задачи се занимаваат активно меѓувладини комисии и вицепремиери кои се посебно овластени за тоа.
Рускиот претседател констатираше дека во текот на првите месеци на годинава е забележано мало зголемување на трговската размена меѓу двете земји за околу три проценти.
Договорено е исто така, да се забрза подготовката на договорот за услугите и инвестициите и да се доврши формирањето на заеднички инвестициски фонд во вредност од една милијарда долари.
- Една од темите на разговорот беше и енергетиката, вклучително и изградбата на гасоводот „Турски поток“, потенцираше Путин, истакнувајќи дека неговата реализација ќе овозможи значително да се зајакне енергетската безбедност на Турција и Европа и да се прошират можностите на Русија за извоз на гас.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово