Свет
22. February 2021 - 18:40

Путин: Русија и Европа да се обединат во борбата против коронавирусот

Русија и Европа треба да ги обединат своите напори во борбата против коронавирусот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко.

– Имаме околу 10 инфекции на 100.000 жители. Во јужна Франција, оваа бројка е поголема од 70. Ова е сериозен индикатор, рече тој.

– Ова се објективни податоци што сугерираат дека треба да ги обединиме нашите напори, вклучувајќи ги и нашите европски колеги, рече Путин, пренесува ТАСС.

– Русија сака да го направи тоа и е отворена за заедничка работа во оваа сфера, истакна рускиот претседател.