Свет
9. November 2016 - 14:43

Путин: Русија е подготвена да ги обнови односите со САД

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска дека неговата земја е целосно подготвена да ги обнови односите со САД, откако Доналд Трамп победи на претседателските избори. 

Путин, при примањето на акредитивот за странски амбасадори во Русија, изјави дека за време на предизборната кампања ги слушнал ставовите на Трамп за обнувувањето на врските со Русија. 

- Русија е подготвена за обновување на односите, но тоа нема да биде лесно. Подобри односи ќе им одговараат и на САД и на Русија, заклучи Путин.