Свет
16. July 2018 - 12:10

Путин пристигна, самитот може да започне: Хеликоптери го надлетуваат градот, протести на улиците

- Финските медиуми објавија дека претседателот на Русија, Владимир Путин пристигна во Хелсинки, каде ќе има средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
 
На Твитер е објавена фотографија на авион со натпис „Русија“, кој слета на аеродромот Хелсинки-Ванта.
 
Но, Финската државна телевизија јави дека во авионот најверојатно се само членовите на делегацијата на Путин.
 
редбата Трамп - Путин ќе се одржи во финската Претседателска палата, зграда од 19 век, со поглед на Балтичко Море, која некогаш била резиденција на руските императори во Финска.
 
Како домаќин на состанокот, финскиот претседател Саули Нинисте ќе има билатерални средби со двајцата гости. Пред самитот, тој официјално ќе ги поздрави Путин и Трамп.